| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдено е „магичното апче“ за слабеење!

Пронајден е „светиот грал“ – првото апче за слабеење кое не предизвикува пролблеми со срцето. „Лоркасерин“ е апче кое се користи од 2013 година, а најновите истражувања покажале дека станува збор за прва таблета која не го зголемува ризикот од срцеви заболувања.

Апчето се пие двапати на ден, а го намалува апетитот така што предизвикува хемиска реакција во мозокот, зголемувајќи го чувството на ситот. Едно американско истражување кое опфатило 12 илјади луѓе покажало дека 39 отсто од оние кои го пиеле овој лек една година, загубиле пет отсто од својата тежина, а бројката на оние кои користеле плацебо е 17 проценти.

Дури осум и пол проценти од оние кои ја користеле табелата развивле дијабетес. Тестирањето на влијанието на апчето е извршено над 3270 луѓе, но не е занемарен и фактот на срцевите залистоци, покажало истражувањето.

Суицидни мисли имале дваесетина луѓе, наспроти оние 11 кои користеле плацебо.

Таблетата има дозвола да се коисти во САД, а за Европа уште се чека одобрување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top