| четврток, 6 декември 2018 |

На последниот ден од трансфер рокот, ПСЖ се засили со двајца фудбалери

Тренерот на француски ПСЖ, Томас Тухел потврди дека утрово на последниот ден од трансфер периодото пристигнале двајца нови играчи. Засилувањата на екипата од „Паркот на Принцовите“ се камерунскиот напаѓач Ерик Максим Чупо-Мотинг и шпанскиот лев бек Хуан Бернат.

Курпулентниот напаѓач Чупо-Мотинг во ПСЖ доаѓа од Стоук, а во редовите на францускиот гигант ќе има улога да го заменува Едисон Кавани од клупата. 29-годишниот напаѓач има играно за Шалке, Хамбург и Маинц, а токму од Германија пристигнува и Хуан Бернат, кој по четири години го напушта Баерн Минхен, а за него парижаните ќе треба да платат ооклу 20 мил. евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top