| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 10 работници се повредени во експлозија во фабрика во САД (видео)

Најмалку десетмина работници се повредени откако паднал покривот на фабрика од силната експлозија во погоните за преработка на вода во фабрика кај Чикаго. Неколкумина од работниците се заробени под урнатините на покривот.

Портпаролот на противпожарната екипа информира дека осуммина се пренесени во болница со тешки повреди. Најмалку уште две лица се заробени под урнатините. Причината за експлозијата за сега не е позната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top