| четврток, 6 декември 2018 |

Во Аеродром родителите нема да плаќаат за обезбедување во училиштата и градинките

Општина Аеродром од 1 септември ги презема трошоците за обезбедување на основните училишта и детските градинки што до сега ги плаќаа родителите.

„Од општината велат дека преку овој проект сакаат да им помогнат на родителите да ги намалат трошоците за образование на своите деца. Општина Аеродром за обезбедување на училиштата и градинките во својот Буџет предвиде пет милиони денари.

Одлуката за преземање на трошоците за обезбедување на училиштата и градинките е дел од пакетот мерки за помош на родителите на стартот на новата учебна година, заедно со еднократната помош од 3.500 денари за секое прваче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top