| четврток, 6 декември 2018 |

Отворање на изложбата „Актуелен МОМЕНТ во македонската современа фотографија“

Вечерва, 30-ти Август (четврток) во 20 часот во НЛБ Галерија, пред македонската јавност премиерно ќе биде претставена изложбата: „Актуелен МОМЕНТ во македонската современа фотографија“.

Оваа изложба изминативе неколку години успешно ги претстави современите македонски фотографски текови надвор од земјата. Меѓу другото, изложбата гостуваше во Словенија, Град Његова, во еден од само неколкуте постојани галерии на светската фотографска асоцијација ФИАП и во Лесковац, во рамки на Фотографскиот самит на бившите југословенски рапублики, во склоп на Денови на Српска фотографија во Чачак.

Сега, истата конечно ќе можат да ја видат и љубителите на фотографијата и во Македонија. Споменатата изложба е дел од овогодишните 56-ти „Денови на македонска фотографија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top