| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓународна ликовна колонија „Скопје“

На 20-ти август 2018г, во Хотел Арка, Скопје, започна со работа 13-та Меѓународна ликовна колонија “СКОПЈЕ” која ќе трае до 30-ти август 2018г. МЛК “Скопје” се одржува по тринаесетти пат и е во организација и реализација на Музеј на Град Скопје и Хотел Арка, под финансиско покровителство на Град Скопје. На овогодишното издание учествуваат 10 извонредни автори, ликовни уметници од цел свет (вообичаената селекција е 5 домашни автори и 5 од странство). Оваа година имаме посебна чест и задoволство да им бидеме домаќини на следните учесници, секој оригинален и посебен според сликарската техника и стилската определба:
АХМЕТ ЕРМАН КАРАЃОЗ, Северен Кипар
БРИТА ГРАСМАН, Шведска
САРА ДАНГИС, Франција
ДЕНИС ЈУРИЈ КРАШКОВИЌ, Хрватска
ЕЛИЗАБЕТА МАТОРКИЌ, Србија
КРУНИСЛАВ СТОЈАНОВСКИ, Македонија
ЈАНА ЈАКИМОВСКА, Македонија
ЕЛИЗАБЕТА АВРАМОВСКА, Македонија
ЗАРИЈЕ АМДИУ, Македонија
ЉУПЧО БОЈАРОВ, Македонија
Уметниците ќе ги создаваат своите дела во прекрасниот и инспиративен амбиент на Хотел Арка, сместен во срцето на Старата скопска чаршија.
Официјалното затворање на 13-та Меѓународна ликовна колонија “СКОПЈЕ” со презентација на создадените ликовни дела и свечен коктел (во организација на Хотел Арка) ќе се одржи на 29-ти август во 20.00ч во Хотел Арка (тераса на 7-ми спрат).
На затворањето на Колонијата ќе се обратат г-ѓа Фросина Зафировска – вд директор на Музеј на Град Скопје, г-дин Сашо Џиковски – сопственик на Хотел Арка и градоначалникот на Град Скопје, г-дин Петре Шилегов.
Делата создадени од оваа Колонија ќе бидат изложени во рамките на манифестацијата на Град Скопје за одбележување на Денот на ослободување на Скопје, 13-ти ноември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top