Иако вообичаено зависниците кога се дрогираат се кријат од јавноста, битолчани деновиве беа сведоци како неколкумина млади, поделени во две групи, се дрогираа на јавно место среде бел ден, во блиската шумичка зад Клиничката болница, а додека се дрогираа едни на други си помагаа.
Зависниците се многу млади, а се дрогираат веднаш зад Центарот за лекување од алкохолизам и дрога, установа во која тие се лекуваат за одвикнување од дрогата со метадонска терапија.
– Ова е секојдневна слика, која секојдневно ја гледаме сите ние. Некои од зависниците од дрога кои доаѓаат тука да примат метадонска терапија, откако ќе ја примат пропишаната доза, наместо дома, веднаш заминуваат во блиската шумичка, каде што се дрогираат – велат од Центарот за јавно здравје во Битола.
Во центарот дневно доаѓаат по десетина млади луѓе, на возраст од 16 до 25 години. Се дрогираат со разни видови дрога, но најмногу со хероин.
Тоа што особено загрижува е што, во шумичката тие се чувствуваат некако (нај)сигурно и „невидливо”, заштитени од бујната вегетација, па затоа најчесто таму се дрогираат. На тој дел од шумичката, или патот што води до Домот за згрижување стари лица и до болницата, вработените во Клиничката болница и пациентите не одат бидејќи се плашат да не начекаат некои од наркоманите.
Битолската полиција во последно време ги зајакна мерките за откривање не само на наркозависниците туку и на наркодилерите, но, и покрај тоа, од година на година се зголемува бројот на уживателите на дрога.
Извор: Нова Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст