Најмалку 15 луѓе загинаа а 27 се повредени кога туристички автобус се превртел на автопат недалеку од Софија, соопштија бугарските власти. На лице место загинале 13, а двајца на пат кон болница, пренесуваат бугарските медиуми. Несреќата се случила на 20 километри северно од Софија.
На местото на несреќата се наоѓаат 15 возила на брза помош од Софија, три од Враца и три од Моната, пренесе Бугарската националана телевизија – БНТ.
Според информациите од бугарските медиуми, автобусот од засега непознати причини удрил во неколку автомобили, се превртел и паднал во клисура. Поради инцидентот, сообраќајот е во прекин. Четири болници во главниот град се мобилизирани за да ги примат повредените лица.
Полицијата соопштила дека автобусот превезувал туристи кои оделе на викенд патување во блиските одморалишта.
Повредените се хоспитализирани, а некои се во критична состојба, изјавиле медицински лица. Се уште нема информации за националноста на патниците. Владата го прогласи понеделник за Ден на жалост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


