| четврток, 6 декември 2018 |

Камен влетал преку прозор и го погодил возачот на автобусот – патниците во паника (Видео)

Кинезот Жао Шуанг возел автобус кога одеднаш низ прозорот влетал огромен камен и го погодил директно во глава.

Тој херосјки издржал шок и тешка повреда и запрел безбедно со автобус полн со патници во близина на Жаотанг во провинцијата Јунан.

После ударот почнал да се држи за стомак и тешко да дише. Патниците биле шокирани, но никој не се поместил од своето место додека автобусот не запрел.

Автобусот минувал покрај карпи и во моментот почнало одронување, па голема количина камења паднала на патот и почнала да удира врз асфалтот.

Шуанг се здбоил со скршеници на 4 ребра и многу други повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top