Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го потврди она од што стравуваме и за што предупредуваме – МВР ги следи и надгледува луѓето кои мислат поинаку од власта иако јавноста досега не беше запознаена дека се води истрага поврзана со кампањата за референдумот.
Во интервју за МИА, Спасовски, претставен како министер за внатрешни работи, а не како потпретседател на владејачката партија, вели дека „таа платформа „бојкотирам“, која се формира во Република Македонија, ние ја следиме, гледеме кои се тие луѓе. И тие имаат легитимно право да излезат со свој став. Меѓутоа, бојкотот не е став“. Тој не прецизира за кого зборува кога зборува во множина, дали за Министерството за внатрешни работи или пак за неговата матична партија, СДСМ. Дали МВР води истрага без налог на судија за луѓето од движењето #Бојкотирам, кои, како што вели имаат легитимен став?
Она што е сигурно е дека Спасовски и кој и да стои зад него или покрај него, дали Министерството за внатрешни работи или матичната СДСМ го кршат законот.
Доколку министерот зборува во име на МВР, а наведените луѓе се следат без налог на судија, тогаш во Македонија во заднина на референдумот се одвива голема афера, нов скандал со следење на комуникации, за кој мора да има оставки.
Доколку министерот Спасовски зборува за партиско следење на состојбата, тогаш го крши Законот за внатрешни работи и член 21 од колективниот договор во МВР, кој вели дека вработените во МВР не смеат да изразуваат партиски ставови и убедувања при вршење на нивната работа.
Спасовски во интервјуто за МИА изјави дека се следи работата на луѓето од платформата “бојкотирам” и се гледа кои се тие луѓе.
Тој ја обвинува опозицијата дека нема став за референдумот и вели дека тие што бојкотираат имаат легитимен став да го сторат тоа но сепак се следени.
„Немањето на став во политиката е многу важна работа. Полошо е дури и од ова „бојкотирам“. А за таа платформа „бојкотирам“, која се формира во Република Македонија, ние ја следиме, гладеме кои се тие луѓе. И тие имаат легитимно право да излезат со свој став. Меѓутоа, бојкотот не е став. Бојкотот не значи алтернатива”, изјави Спасовски во интервјуто.
Многу портали и поеднинци кои не ја застапуваат идејата „за“ референдум пријавуваат и предупредуваат дека на социјалните медиуми се води хајка против нив. Жртва на хајката е и „Република“.
Притисокот врз Република кулминира – власта ги контролира медиумите и на Фејсбук
Целото интервју на Спасовски за МИА ТУКА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст