Ако не се лечи како што треба, што мислите, зарем тоа не е убиство?
Министерот не можеше да ме удостои со една средба, ми се јави секретарката негова, ми рече тука беше финансискиот директор, со министерот разговараа и рекоа, платете ги средствата и потоа ќе ви ги рефундираме. Јас ако имав да ги платам тие средства, зарем ќе ги молев нив?“.
Ова денеска за Телевизија 24 го изјави таткото на починатата Ева Крстаноска, Благојче Крстаноски, кој скршен од болка одвај зборуваше. Крстаноски е гневен на државата и вели „Државата не сакаше, ако сакаше можеше тоа да го направи“ мислејќи на тоа дека можеше да бидат одобрени парите за лекување на неговата ќерка во странство.
Ева Крстаноска (11) од охридско Коњско не ја издржа едногодишната борба со реткиот вид леукемија. Девојчето требаше итно да замине на лекување во странство. За операцијата во Германија беа потребни 200.000 евра, а Фондот за здравство одобри 145.000 евра. Планирано беше операцијата да биде во Турција, но семејството инсистирало операцијата да биде во Германија, па останатите потребни средства ги собираше со помош на хумани граѓани и организации од целата држава.
Директорот на ФЗОМ, Ден Дончев вчера на прес-конференција изјави дека „Службите излегоа во пресрет на барателот и стапија во контакт со германската болница, но оттаму повторувам не добивме никаква понуда“.
Извор:24.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.