| четврток, 6 декември 2018 |

Вонредна прогноза: Од недела попладне пороен дожд и град во повеќе делови од земјата

Утре во попладневните часови претежно на запад ќе има појава на локален пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР. Позначителна промена на времето ќе има од недела попладне кога најпрвин ќе се зголеми облачноста и ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, некаде и појава на град, особено во северните делови на земјата.

Преку ноќта и в понеделник во поголемиот дел од земјата ќе има поројни дождови со грмежи и засилен северен ветер, а некаде врнежите ќе бидат пообилни, со поинтензивни процеси и во форма на невреме.

Во вторник ќе преовладува променливо облачно време со засилен северозападен ветер. Во понеделник и вторник температурата ќе опадне за 6 до 8 степени, а оваа промена особено ќе се почувствува на северот и на повисоките места.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top