| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватски планинар починал вчера на Кораб

Вчера околу  18 часот во Центарот за информации и команда Тетово, било пријавено дека на местото викано „Кобилино поле“, атар на Маврови Анови, на Кораб Планина, има планинари-државјани на Република Хрватска, претставници на планинарско друштво од Сплит.

На еден од нив, П.П. (58) од Сплит му се влошила здравствената состојба и побарал помош. Со хеликоптер на МВР лицето било донесено во Градската општа болница „8-ми Септември“- Скопје, каде од страна на лекар била констатирана смрт.

По наредба на Јавен обвинител на телото на починатиот ќе биде извршена обдукција, а увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top