| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто не е добро да јадете банани за појадок?

Сигурно барем еднаш ви кажале дека ако не јадете нешто конкретно, најдобро е да изедете барем една банана. Но се чини дека ова овошје сепак не е соодветен појадок.

Нутриционистите тврдат дека иако бананите делуваат како совршена опција за брз појадок, тоа не е така. Ако јадете само банани, тие не се најдовар избор, бидејќи содржат дури 25% шеќер и спаѓаат во умерено киселите производи.

Најдобар начин да го започнете денот е со појадок кој ги согорува маснотиите и кој ќе ви даде доволно енергија за да издржите до следниот оброк.

Иако бананите ќе ви дадат кратко наплив на енергија, многу брзо ќе се почувствувате уморни и гладни. Тие се попогодни за ужина отколку како целосен оброк, бидејќи самите тие не се доволни за појадок.

Чувството на умор и глад што го чувствувате откако ќе изедете банана за појадок можете да го спречите, ако ја искомбинирате бананата со храна полна со здрави маснотии, како што е авокадото.

Со оглед на тоа што бананите спаѓаат во групата кисели производи, треба да ја неутрализирате таа киселина за да ги извлечете придобивките од бананата, како што се калиум, влакна и магнезиум, а не шеќерот што дава само моментална енергија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top