Во истрагата во американската сојузна држава Колоради, во која учествуваше ФБИ, дојде до драматичен пресврт кога Кристофер Вот (33), кој пред неколку дена го пријавил исчезнувањето на сопругата Шенон (34) и пасторките Селест (3) и Бел (4), признал дека ги убил и ги фрлил нивните тела.
Вот направил вистинска мрежа од лаги, но искусните истражители го прочитале и конечно го навеле да признае.
Во средата вечер е одведен во притвор и таму го признал злосторството.
Тој во понеделникот пријавил дека му ја нема сопругата Шенон, која била во четвртиот месец од бременоста и се враќала од службено патување. На прашањето каде се девојчињата, рекол дека се кај нивниот биолошки татко. Истрагата почнала, а медиумите ја објавиле приказната, а Вот и дал изјава за емисијата “Тудеј“ на телевизијата Ен Би Си.
Вот раскажал како Шенон се вратила од службениот пат во понеделникот во еден ноќта. Започнале разговор, која станал „емотивен“ па разговарале до 5.15 утрото. Фрлил поглед на мониторот, и видел дека девојчињата уште спијат мирно и отишол на работа. Се загрижил кога жената не му одговарала на СМС пораките, а почнал да паничи околу пладне, кога видел преку камерата на звоното дека семејниот пријател им ѕвони на врата, а никој не му отвора.
„Кога дојдов дома, се зачудив. не беше тука. Не беа ни децата. Немав претстава каде се“, раскажа Вот во медиумите. Додаде дека го затекнал нејзиниот автомобил паркиран пред куќата, а дома бил и нејзиот парчник, мобилниот и чантата. Тогаш повикал полиција.
Меѓутоа, кратко потоа дал изјава за телевизијата Фокс дека Шенон му рекла дека со девојчињата ќе оди кај пријателка. Дури погледнал директно во камера и се обратил: „Шенон, Бел, Селест, вратете ми се ако ме слуѓате. Ако е кај вас, само вратете ја дома“.
На новинарско прашање дали се скарале пред да му исчезне жената, рекол: „Тоа не беше кавга, туку емотивна расправа. Така би рекол“. А потоа болно се насмевнал и додал: „Само сакам да ми се вратат. Ова мора да прекине. Некој мора да се огласи“.
Во истрагата на локалната полициај се вклучил ФБИ и Вот во средата е приведен во полицијата. Истовремено, истражителите влегле во неговата куќа и почнале да истражуваат. Набрзо потоа, Вот проговорил и признал.
Како ги убил, кога, зошто – не се знае се уште, зошто полицијата не сака да објавува детали. Вот во меѓувреме се појави пред судија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст