| четврток, 6 декември 2018 |

Можеби прскаат поритив комарци, за кучињата уште се мислат, ѓубрето никој не го чисти – Скопје никогаш не бил позапуштено (ВИДЕО)

„Од градот можеби прскаат против комарци, ама изгледа со вода, одиме по улици „трчај, па сопни се“, а ѓубрето како да вирее од под земја, додека бездомните кучиња не ни даваат мир“. Вакви се коментарите на скопјани, кои ги обвинуваат градските власти дека не си ја вршат работата.

Скопјани и преку социјалните мрежи се жалат на хигиената во градот.

Со ѓубре е полн и градскиот парк. На социјалните мрежи сè уште се актуелни и шегите на сметка на градоначалникот Шилегов за комарците.

Градоначалникот пак, се правда дека дел од проблемите ги наследил од претходната власт, но негира дека управата на градот не бара начини да ги реши. Во однос на бездомните кучиња, чии број во главниот град расте, градоначалникот посочи дека нема да се изградат нови. Наместо тоа, се чека да завршат административните постапки за легализација на „Вардариште“, по што стационарот ќе се реновира.

– За овие 10 месеци овие кучиња не се накотија во овој град. Зборуваме за проблем кој е повеќе децении. Како градска администрација најпрво го отворивме стационарот за да можат граѓаните да ги видат условите каде се згрижуваат кучињата скитници, формиравме заедничка коми невладините организации по основ на која во Советот на Град Скопје беше усвоена програма за згрижување по која работиме. Во исто време во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство ја завршуваат постапката за увоз на околу 300.000 чипови со кои сопствениците на домашни миленици согласно зак кои ги имаат ќе можат за релативно евтини средства да ги чипираат своите домашни миленици, изјави Шилегов.

Додека градоначалникот се правда, коментирајќи дека акциите за чистење се започнати, како и дека преку лето работи за намалување на аерозагадувањето, а вината за моменталните состојби ја префрла на претходниците, граѓаните чекаат чисто, зелено и европско Скопје – Скопје за кое говореше во неговите предизборни ветувања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top