Додека во јавноста се актуелни договорот со Грција и сите штетни последици кој тој ги носи, криминалните тендери, афери и злоупотреби, додека земјоделците се соочуваат со нова криза, а во здравството се бројат случаите со смртен исход, Македонија се соочува со уште еден голем пораз, ниту еден од универзитетите во државата не е во првите илјада на Шангајската листа за успешност во високото образование, вели денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
- Ветува иднина, а образованието, образованието ни е руинирано. Каква е таа иднина кога имаме и официјална потврда дека ниту еден од универзитетите во државата не е според својот квалитет во првите илјада во светот. Ќе потсетам дека ветуваа живот, но добиваме порази. Нема градење на иднина без пристојно и квалитетно образование. Македонија е исклучена од оваа листа – вели Мицкоски во соопштението до јавноста.
Мицкоски додава дека додека образованието во Македонија стагнира, во првите 500 се универзитетите од соседството Белград, Атина, Љубљана, Софија, Солун и итн.
- Како универзитетски професор, но пред се родител и граѓанин на оваа земја, можам да кажам дека ова е резултат на негрижата и немањето на стратегија во високото образование, немотивираноста на наставниот кадар, експериментирањето и политизацијата на образованието. За ова нема изговори, неуспехот на владата го плаќаат младите. Нема во Европска Унија со неквалитетно образование кое не е рангирано ниту во првите 1000 универзитети, нема иднина доколку главен приоритет за власта се криминални иновации наместо реформи во образованието. Не може да се тврди дека сте за младите, а нив трајно да ги деградирате со неквалитетно образование – вели Мицкоски.
Мицкоски потенцира дека образованието е поврзано со економијата.
- Не можете вие да се залагате за развој во економијата и да понудите инвестиции со висока технологија, а при тоа да не можете да понудите кадар кој што е едуциран и може да ги опслужува овие инвестиции. Изминатиот период имав можност да другарувам и да се информирам со голем број млади луѓе во Република Македонија. Точно знаеме што им недостасува и тоа ќе биде дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ која што ќе биде презентирана во период кој што следи. Нудиме голема авангардна понуда за сите млади во Република Македонија – вели тој.
Со оваа влада Република Македонија нема иднина, ниту ќе дојде Европската Унија, додава Мицкоски.
- Затоа Македонија заслужува повеќе, заслужува образование со универзитети кои ќе бидат во првите 500 во Светот, Македонија е извор на знаење и компетенции. За да тоа се случи оваа власт мора да падне, и само така Македонија ќе победи – потенцира Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст