| четврток, 6 декември 2018 |

Усвоена субвенцијата од два денара за откупувачите и трговците со сливи

Два денара субвенција за килограм ќе добијат регистрираните откупувачи и трговците кои до 15 септември годинава ќе откупат индустриски сливи за најмалку пет денари или свежи сливи по минимум осум денари.

Како што соопшти денеска на прес-конференција министерот за земјоделство Љупчо Николовски, со оваа мерка донесена во договор со производителите, преработувачите и откупувачите, ќе се стабилизира и реши проблемот со откупот.

– Оваа нова мерка ќе го поттикне договорениот откуп на произведената слива од родот 2018-та и ќе ја подобри конкурентноста на домашната преработувачка индустрија. Одлуката стапува на сила со објавување во Службен весник, рече Николовски.

МЗШВ и во следниот период ќе го следи откупот на сливи за да се избегнат непријатности и да се реагира навреме

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top