За време на дискусијата на комитетот за промените во израелските правила за конзимирање на масло од канабис, еден страствен активист испил цело шише масло од канабис, јави Jerusalem Post.
„Имам медицинско масло од канабис што содржи 30% THC” – рече тој.
„Вие велите дека тоа е опасна дрога, што ќе ми се случи ако го консумирам?” – додава активистот.
Пост објави дека тој потоа ја испил содржината на шишето, велејќи дека: „не можете да се предозирате со медицинско масло од канабис”. Човекот е поранешен војник кој вели дека маслото од канабис му помогнало за лекување на неговото пост трауматско стресно нарушување, пишува Times of Israel. Друг човек, чија ќерка лечи епилептични напади со помош на масло од канабис, рече дека ќе мора да се сврти кон црниот пазар ако реформите за канабис во моментов го принудат на тој чекор. Реформите ги вклучуваат промените што ќе спречат некои видови на канабис да бидат продавани од дистрибутивни компании во Израел, што предивика страшна паника помеѓу пациентите кои зависат токму од тие врсти.
„Јас ќе го земам сега, иако рокот му е истечен, бидејќи мојата ќерка веќе не се згрчува” – рече таткото, пред да го испие маслото.
„Ако ја сопрете да добива канабис, јас лично ќе отворам лабораторија за производство” – додал тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)