Луис Назадрио де Лима, или во фудбалскиот свет многу попознат како Роналдо, бил примен на интензивна нега во болницата „Нуестра Сењора“ на Ибица.
Според „Диарио Де Ибица“ легендарниот фудбалер страдал од пневмонија. По првата посета на болницата во петокот, кога болеста била дијагностицирана, моменталната состојба барала тој веднаш да биде префрлен во многу пореномирана болница.
Веднаш откако се дозна веста, прв со порака за поддршка на социјалните мрежи се јави поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рио Ферднинанд.
Искусниот стопер на Инстаграм објави фотографија со Роналдо под која напиша:
„Само што ја видов веста… се надевам дека си добро, легендо. Брзо закрепнување“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


