| четврток, 6 декември 2018 |

Како изгледа удар од гром (ФОТО)

Голем процент, речисо 90%, од луѓето што ќе ги удри гром преживуваат, но остануваат бележани за цел живот. Лузните од удар од гром се познати како Лихтенбергови фигури. Тие се резултат од движењето на молњата кон површината на телото, па црвените крвни клетки излегуваат од капиларите.

Температурата на громот е 5 пати повисока од онаа на сонцето. Ударот од облакот до земјата може да има струја со јачина и до 1 милијарда волти. Кога ова количество енергија влегува во телото, прави краток спој кај малите електрични сигнали кои управуваат со срцето, белите дробови и нервниот систем. Ова може да предизвика застанување на срцето, напад, повреда на мозокот, оштетување на ‘рбетот и амнезија. Големата топлина, светлината и струјата можат да предизвикаат трајно оштетување на видот. За жал, ударот од гром може да предизвика и импотенција и намалување на либидото кај мажите.

Молњите оставаат слични белези и на полињата со трева. Терените за голф навистина добро ги прикажуваат  Лихтенберговите фигури, кои го добиле името по германскиот физичар Георг Кристоф Лихтенберг, кој прв ги открил и ги проучувал.

Извор: Кафепауза

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top