
Тематски парк во Франција научил шест врани да собираат ѓубре, пишува Би-би-си. Враните од францускиот тематски парк Пу д Фу, кој се наоѓа на запад на земјата, научиле да собираат отпушоци и друго ситно ѓубре кое го складираат во мала кутија.
Заработуваат за храна
За звојот труд добиваат награда – храна. Првите пердувести чистачи веќе почнале да работат, а останатите треба да им се приклучат в понеделник.
Враните се паметни животни
Директорот на паркот за АФП изјавил декане им е целта само тоа подрачје да биде чисто.
-Целта не ни е да го исчистиме просторот во паркот, зашто посетителите се внимателни и не оставаат ѓубре, туку да покажеме како природата може самата да се грижи за околината.
Тој додава дека враните се паметни животни и дека сакаат да комуницираат со луѓето и низ игра да воспостават однос со нив.
Враните знаат да ракуваат со автомати за продажба
Ова не е првпат враните да си ја покажат интелигенцијатаНеодамна беше спроведен експеримент во кој од враните се очекувало да решат пролем, односно да уфрлат хартивче со одредена големина во автомат кој потоа ќе исфрли месо, награда. Научниците докажале дека враните можат да ја запамтат големината на хартивчето, па дури и да прилагодат поголеми парчиња за да влезат во автоматот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


