| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Ги слушаме желбите на младите за да ги задржиме во Македонија (ВИДЕО)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој денеска учествуаше на планинарскиот марш „Беласица“, кој се одржува на годишнината од погибелот на петте струмички студенти, остварил средба со млади луѓе, кои пред него ја изнеле својата визија за Македонија како земја во која сакаат да ја градат својата иднина.
Мицкоски на Фејсбук објави дека токму гласот на младите ќе биде основа за изработка на новата програма на ВМРО-ДПМНЕ.

„Денес, на овој марш имав можност да поразговарам со многу млади луѓе. Да ги слушнам нивните проблеми, но и нивните идеи и визија со што ќе ни бидат од помош при изработката на нашата програма.

Сакаме да понудиме нешто ново, авангардно, за младите, нешто што ќе значи додадена вредност во нивните животи понатаму. Нешто што ќе значи доволна провокација и мотив тие својата иднина и своите семејства да ги изграадат тука во Македонија, бидејќи нема нешто потешко од тоа да се делите од својот дом.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top