Најголемото засилување на Јувентус во летниот преоден рок, португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо е импресиониран од атмосферата која владее во клубот.
– Овде постои една семејна атмосфера. Луѓето се многу љубезни и пријатни. Никогаш нема да го заборавам четвртфиналето кога гостував со Реал и постигнав гол по кој ми аплаудираше целиот стадион. Тоа беше неверојатно чувство. Сега и јас сум дел од оваа хармонија и едвај чекам да почнат натпреварите и да ги направам среќни нашите навивачи, нагласи Роналдо.
33-годишниот Португалец во Јувентус дојде од Реал Мадрид за 104 милиони долари. Тој се обврза на четиригодишна соработка со италијанскиот шампион.
– Главната работа е да се подготвиме. Сакам да бидам во добра форма, да му помогнам на тимот да освоиме многу трофеи. Се надевам дека можам брзо да се адаптирам и да ја започнам сезоната најдобро, потенцира најдобриот светски фудбалер.
На отворањето на новото првенство во Серија А, Јувентус на 18 август гостува во Киево кај Верона. з
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


