| четврток, 6 декември 2018 |

Метеорскиот дожд Персеиди утревечер го достигнува својот максимум

Во текот на август секоја година на небото е видлив метеорскиот дожд Персеиди, како резултат на разминувањето на Земјата и кометата Свифт Татл.

Оваа година метеорскиот спектакл започна на 14 јули и ќе трае до 24 август, но неговиот максимум, кога и ќе биде најдобро видлив од Земјата, ќе се случи во ноќта меѓу 12 и 13 август, односно утре и задутре.

Според американската Национална аеронаутичка и вселенска адинистрација (НАСА), метеорите можат да се појават каде било на неботи и може да делуваат различно во зависност од кој дел на Земјата се набљудуваат.

Во времето на својот максимум метеорскиот дожд Персеиди може да содржи меѓу 50 и сто метеори на час.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top