| четврток, 6 декември 2018 |

Фудбалер на Црвена звезда во ист ден добил две деца од две различни жени (видео)

Напаѓачот на белградска Црвена звезда, Лоренцо Ебецилио има животна приказна како на филм. На овие простори е видено се и сешто, играле многу контроверзни фудбалери, доаѓаа многу егзотични засилувања со сомнителен квалитет, но Ебецилио сепак е феномен кој тешко дека ќе биде надминат

Холанѓанецот на 17 јануари 2017 година добил две деца, но тоа не би било толку многу чудно да се работеше за близнаци. Меѓутоа, децата на Ебецилио на свет ги донесоа две различни жени и тоа Русинки.

Оваа интересна приказна ја раскажаа двете девојки кои истовремено беа гостинки во една шоу програма, а Ебицилио во тоа време настапуваше за рускиот тим Анжи.

Ана Бугаева и Дарија Данилина покренаа спор против холандскиот голгетер, откако тој не ја платил алиментацијата за децата.

Сепак, на крајот Холанѓанецот се обврзал да плажа алиментација по 1.500 евра за секое од децата, а снимката од гостувањето на двете девојки во руската шоу програма за неколку дена на Јутјуб беше прегледана од над половина милион луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top