Стела Мекартни откри зошто Меган одбрала вториот фустан да биде токму со нејзин потпис.
Инаку, креацијата чинела 60.000 фунти, односно повеќе од 6.500 евра.
Во интервју за „Ел“, чиј број е посветен на одржливата мода, дизајнерката го даде своето видување на ситуацијата.
„Мислам дека Меган ме одбра мене и од други причини, не само поради тоа што фустанот е убав, бидејќи многумина можат да го направат истиот. Таа не е тежок клиент, не ѝ треба многу за да изгледа убаво. И Амал ми се јави и ме замоли да го направам нејзиниот фустан, како и Опра. Погледнав во фустанот на Амал и направен е од одржлива вискоза, за што ни требаа три години да ја развиеме. Исто така, мислам, очигледно јас сум британски дизајнер, што исто така е една од причините, но сметам дека тоа што сум жена исто така играше голема улога, како и тоа што сум поборник на феминизмот и еко-средина. Сите три се жени на кои други жени се угледуваат и ги сакаат. А тоа е многу важно!“, објаснува Макартни.
Дизајнерката додава дека тоа што се залага за правата на жените и животните придонело да има клиенти какви што се овие три моќни жени.
„Со Меган се поврзавме уште од првиот момент кога се запознавме, бидејќи ги делиме истите интереси во поглед на животната средина и оттогаш сме навистина пријателки“, вели 46-годишната дизајнерка.
Покрај венчалниот фустан, Стела го дизајнираше црниот капут кој Меган го носеше во Велс во јануари годинава, потоа фустанот што го носеше во Ројал Алберт во април итн..
„Таа носи и други мои креации, имаме пријателски однос. А кога ме замоли да ја направам нејзината втора венчаница, навистина бев почестена и сè уште сум“, признава Стела.
Што се однесува до цената на нејзините креации, вели дека тосекогаш се трудела да биде приземјена. Постојат такси кои се повисоки и кои ги плаќа, но не ги пренесува врз цената на производот, за да не биде недостижна.
„Верувам во квалитет, во фер однос, во чесност. Ако некому минутата му ја наплатите чесно, вашата цена расте. Моите родители никогаш не ми далае пари, па секогаш купував винтиџ облека во евтини продавници. И се чувствував кул бидејќи го правам тоа“, открива дизајнерката која е и мајка на четири деца Милер (13), Бејли (12) Бекет (10) и Рајли (8).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст