Според објавата на сириското претседателство Алма ел Асад денеска го почнала лекувањето. На официјалната фејсбук страница на претседателството е објавена фотографија на сирискиот претседател како седи покрај болничкиот кревет на сопругата додека прима терапија.

Под фотографијата е напишано дека малигниот тумор е откриен во рана фаза.

Сириските медиуми пренесуваат дека првата дама се лекува во воената болница во Дамаск.

Алма Асад е родена во провинцијата Холмс, студирала во Велика Британија, а откако го запознала Башар ел Асад, се вратила во својата земја.

Алма и Асад се во брак 18 годин и имаат три деца.

Ваквите објави во арапскиот свет се сметаат за невообичаени зашто ракот таму и натаму е табу тема.