| четврток, 6 декември 2018 |

Заев, референдумот, моралното и неморалното

 Алдо Климан

Моралното и неморалното се апсолутни, а не релативни категории, освен, евентуално, во јазикот на литературата или во секојдневната колоквијална употреба. Во етиката реално не постојат компаративи за тие зборови како нпр. „поморално”, или „најморално”, или, пак, „понеморално” или „најнеморално”. Моралното и неморалното не можат да бидат квалитативно степенувани како зборовите „добро, подобро, најдобро”, или „лошо, полошо, најлошо”. Неморалното е неморално!

Така, да речеме, ако кажеме: „одиозниот политички и полициски терор на владата на Зоран Заев е неморален”, не можеме споредбено да речеме и нешто вакво: „сегашниов политички и полициски терор на Заев е понеморален (или) поморален од поранешниот политички и полициски терор”, зашто политичкиот и полицискиот терор едноставно се – неморални!

Исто така, ако кажеме, „владата на Зоран Заев се однесува неморално кон највиталните национални и државни интереси на македонскиот народ и на Република Македонија”, не можеме споредбено да речеме дека таа предавничка влада се однесува понеморално или поморално од претходните влади по тие прашања, зашто владата на Зоран Заев по однос на најсудбоносните прашања од животот и опстојувањето на македонскиот народ е едноставно – неморална!

Или пак, ако владата на Зоран Заев ја карактеризира евидентен, застрашувачки „неморален грабеж”, во литерарна и колоквијална смисла со право би можеле да речеме и дека тоа е „најнеморален грабеж” од кога постои самостојна и суверена Република Македонија, но од етички аспект, пак, секој „грабеж” е „грабеж”, те. нешто неморално, а степенувањето на тежината на „грабежот” од потенцијалниот казнен аспект го прават надлежните судски институции, врз основа на криминолошките и други компаративни истражувања и проценки.

Ако кажеме: „обидот за поткуп во износ од речиси 200.000 евра е неморален чин на Зоран Заев”, кон тоа немаме ништо да додадеме, освен дека е неморален и чинот на неговото ослободување од тој општопознат и во целиот свет виден и посведочен кримен од страна на неговото партизирано судство.

Ако кажеме: „предавничката политика на квинслишката и големоалбанска влада на Зоран Заев е неморална”, не можеме да направиме суштинска етичка компарација и во оваа смисла: „големоалбанската политика на коалиционите партнери на Зоран Заев е понеморална од неговата или пак најнеморална во однос на големоалбанските политики и претензии спрема Македонија на властите во Тирана и во Косово”. Сите тие сплотени големоалбански антимакедонски и антицивилизациски политики едноставно се – неморални!

Значи, „неморалното” е „неморално”, но, како што реков, во литерарна смисла или во секојдневната колоквијална комуникација на длабоко разочараниот обичен македонски човек можат да се толерираат и вакви сѐ почесто среќавани споредбени форми: „владата на Зоран Заев е апсолутно најнеморална влада од втемелувањето на самостојна и суверена Република Македонија”.

Така и фашистичкиот тнр. Преспански договор е едноставно неморален. Во неговото создавање учествуваа и го обмислуваа неморални луѓе: Зоран Заев, Никола Димитров, Радмила Шекеринска, Бујар Османи, Никос Коѕиас и Алексис Ципрас, со најдиректна неморална логистичка и секаква друга поддршка од Јоханес Хан и цела низа други неморални луѓе од домашното и меѓународното милје на кои Македонија и македонскиот народ не им значат ама баш ништо.

Неморалната квислиншка, предавничка и големоалбанска клика на Зоран Заев на насилен, незаконски, неуставен и неморален начин распиша неморален референдум за прифаќање на тој фашистички и ништителски договор за македонско национално самоукинување по пат на промена на уставното име на Република Македонија и промена на нашето историско име македонка, македонец, со сите други страшни цивилизациски и непоправливи последици за нашиот народ и за нашата единствена татковина Македонија.

За неморалниот референдум тие смислија подмолно, неморално, повеќезначно, уценувачко прашање на кое не може да се даде еднозначен одговор „за” или „против”.

Неморалната владејачка клика на Заев сега врши страшен неморален притисок врз македонската јавност и врз обичниот македонски човек да излезе на неморалниот референдум со неморално поставеното уценувачко повеќезначно прашање, со што народот практично би им дал морално алиби на тие неморални ѓубриња што, со закрвавени очи, прават сѐ еднаш засекогаш да ги сотрат македонскиот народ и Република Македонија од лицето на светот.

Особено неморално е што владејачката клика на Зоран Заев, и тој лично, бедно ги повикува на помош политичките лидери од разни земји за да вршат притисок, да го гнетат со лаги и заведувања и да го уверуваат/уценуваат со ЕУ или со НАТО македонскиот народ да излезе на неморалниот референдум со неморалното повеќезначно прашање, какво што никој од тие државници за ништо на светот не би го дозволил во својата земја. Но што да прави предавникот Заев кога е соочен и се тресе пред апсолутно реалниот плебисцитарен МАКЕДОНСКИ НЕПОКОР и ЦЕЛОСЕН БОЈКОТ на неморалниот референдум.

Се разбира, морално е секој граѓанин во Република Македонија сам да си донесе одлука дали ќе излезе на тој насилно изгласан и неморално обмислен референдум со неморално поставено уценувачко повеќезначно прашање, или своето разбирање и сфаќање на моралното и неморалното да го искаже со БОЈКОТ.

И уште нешто: признавам, воопшто не разбирам зошто најголемата опозициона парламентарна партија сеуште „размислува” (или се „премислува”) пред да ја донесе својата, денес апсолутно најважна, историска одлука дали ќе ги прифати неморалниот предизвик и отровната смртоносна мамка на црниот, неморален политички противник Зоран Заев и на неговата мрачна неморална клика за излегување на неморалниот референдум, со подмолното, неморално уценувачко повеќезначно прашање, или пак со ЦЕЛОСЕН БОЈКОТ од страна на своето многубројно членство и на своите симпатизери еднаш засекогаш ќе му каже јасно и решително НЕ на сегашниот неморален политички естаблишмент, но и воопшто на политичкиот неморал како црна храна и начин на безобѕирно, неморално живеење врз грбот на измамениот и злоупотребен обичен македонски граѓанин, и притоа јасно и недвосмислено да му застане на патот на безобѕирното, фашистоидно, смртно неморално и нецивилизирано посегање на Република Грција по душата и телото на македонскиот народ и на Република Македонија.

Моралното и неморалното се апсолутно длабински различни и спротивтавени категории, и затоа и таа одлука воопшто не е тешко да се донесе! И нема потреба да се чека последниот ден и нешто да се тактизира! Сѐ е совршено јасно! На неморалното треба да му се одговори со единственото исправно – моралното! Со ПЛЕБИСЦИТАРЕН БОЈКОТ на НЕМОРАЛНИОТ РЕФЕРЕНДУМ со подмолно прикриената црна цел: македонското национално самоубиство!

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top