| четврток, 6 декември 2018 |

Јакимовски приведен, се чека распит во Кривичен суд, се бара притвор

По претресот во неговиот дом по налог на финансиската полиција, поранешниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски се наоѓа во полициска станица каде чека распит во Кривичниот суд кај судија на претходна постапка.

Како што објави телевизијата 1ТВ, за екс градоначалникот на Карпош се бара притвор поради незаконско спроведување на три тендери за општинските бараки и плоштадот во Жданец, во чии рамки не била активирана банкарска гаранција.

Претходно, Јакимовски изјави дека решението да оди во притвор веќе е напишано, со цел, како што рече, да се направи притисок во пресрет на референдумот и да се оттргне вниманието од катастрофалните политики на власта.

Во јавноста се коментира дека ова е само начин да се сврти вниманието на јавноста од скандалот со полицискиот џип снимен на плажите во Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top