Славниот боксер Владимир Кличко (41) и холивудската актерка Хајден Пенетјер (28) се разделуваат по девет годишна врска. Олимпиецот Кличко , роден во Казахстан и холивудската актерка имаат три годишна ќерка Каја , околу чие старателство се борат.
Двојката се верила во 2013 , но не се венчале . На одморот во Барбадос објавуваа романтични фотографии за веќе денес да се водат правни преговори за поделба на заедничкиот имот.
Според американските таблоиди , двојката и натаму е во пријателски односи . Хајден се вратила да живее во Лос Анџелес , а Кличко останал во нивната заедничка куќа.
Двојката беше забележителна и по разликата во височина . Кличко е висок 199 , а Хајден дури 49 сантиметри е пониска од него , иако тврдеа дека тоа не им пречи.
Веста за разделбата на славната двојка е објавена откако папараците ја уловиле Хајден во ноќна прошетка со непознат маж, со кого се држеле за раце.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст