Грчкиот министер за цивилна заштита Никос Тоскас поднесе оставка од функцијата, по катастрофалните пожари во Грција, во кои животот го загубија 88 луѓе, соопшти неговиот кабинет, пренесе Ројтерс. Тоскас и претходно понуди оставка, веднаш по пожарите во малиот град Мати, но премиерот Алексис Ципрас одби да ја прифати.
Според информациите, грчкиот министер на денешната средба со премиерот Ципрас, ја повторил неговата желба за оставка.
Во врска со пожарите во Атина, имаше обвинувања за она што не било во ред и довело до смрт на десетици во градот Мати, каде што стотици луѓе беа заробени од пламени јазици во нивните обиди да побегнат.
Многумина скокнаа во морето за да преживеат, но други загинаа, или во нивните автомобили или кога беа заробени на работ на стрмни карпи.
“Оваа природна катастрофа, и загубата на толку многу луѓе во Мати, ја победија мојата желба да продолжам. Ова е нешто што јавно го кажав од првиот момент“ соопштил Тоскас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст