| четврток, 6 декември 2018 |

Моделот ,,Зомби” пронајден мртов во неговиот дом

Леди Гага се прости преку социјалните мрежи од 32 годишниот модел. Се претпоставува дека моделот се самоубил. Рик ја привлече јавноста во 2011 во спотот токму на Леди Гага со своето лице и телото прекриено со тетоважи.

,, Ако страдате , уште денеска повикајте некој од семејството или пријател. Мора да се чуваме едни со други” , напиша Леди Гага.

Рик бил модел за францускиот моден креатор Тиери Муглер , се појавил на насловната страница на списанието Вог – Јапонија , а бил и заштитно лице на модна колекција на Џеј-Зи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top