| четврток, 6 декември 2018 |

Почеток на Крајот на предавничкиот Одрод!

Македонското жолто-црвено не е сино-бело па на штрафти!

 Алдо Климан

Притисоци, застрашувања, наговарања, докажувања, уверувања, лаги, лаги, лаги!

Пред нас деновиве интензивно се одвива една мошне вулгарна ревија на заевската пропагандно-политичка порнографија. Сосема голи, грди како смрт, збрчкани и спрчкани од горе до долу, а притоа и без перденце и влакненце на она место од каде што доаѓаат и од каде што се шират, ВЕЛЕПРЕДАВНИЧКИТЕ ЛАГИ на Заев и на неговата пропагандна машинерија се топорат по владините медиуми и социјалните мрежи како „лесните дами“ по порно-излозите на Амстердам и Франкфурт, а нивните пропагандни макрои се обидуваат граѓаните некако да ги замајат, да ги фатат за ракав, да ги вовлечат во заевското референдумско предавничко дувло и да ги уверат дека колективниот македонски национален суицид е нешто супер добро (а јас додавам: и неповторливо!). Сето тоа само по себе е толку грдо, примитивно, мачно и мрачно, одбивно, спротивно на добриот вкус, и над се’ подмолно, што секој граѓанин кој размислува со своја глава и гледа со свои очи, сожалително го одвраќа погледот од нив и си вели: „па зарем толку ниско паднавте?“

Да, паднаа, и треснаа; но можат тие и пониско; сеуште не ги искористија до крај сите свои предавнички капацитети и „алатки“ за целосна антинационална и антидржавна деконструкција и уништување.

Но што да се прави, на сите нам како ден ни е јасно дека во наредните два месеци, до денот на референдумот за промена на името на Република Македонија и претворање на македонците во некое северномакедонско без’рбетно племе, ненадејно паднато од Марс, граѓаните на Република Македонија ќе бидат изложени на бескрупулозни, немилосрдни, дрски, безобѕирни и безобразни притисоци, застрашувања, бедни наговарања, препотентни ex cathedra докажувања на најобичните лаги како вистини, и на уверувања дека црното е бело а белото е црно, и дека македонското жолто-црвено е сино-бело па на штрафти. Впрочем, од самата велепредавничка влада со тешки погребни пропагандни камбани за Македонија и за македонците е најавена и веднаш е започната таа нивна жестока кампања, но, се разбира, граѓаните не се предупредни, иако тоа сите веќе многу добро го знаат, дека таа кампања ќе биде до гуша валкана, измамничка, проткаена со подмолни терминолошки јазли и црни мрачни ваму-таму лавиринти на секакви замаглени и замаглувачки правни формулации, како што, впрочем, во истиот расипан, подмолен измамнички стил е формулирано и ултрадебилното уценувачко заевско референдумско прашање кое не заслужува никаков одговор, те. заслужува само целосен БОЈКОТ.

Тоа е резултат на сосема оправданата кукавичка паника на Зоран Заев, која е толку евидентна и вистински опредметена што речиси може да се допре, и која одден-наден, во деновите што се пред нас, ќе ја гледаме како негов се’ посилен и се’ поизразен политички delirium tremens, заради тоа што му станува јасно дека неговиот квислиншки, насилно и низ незаконски процедури наметнат неуставен, ненароден и антидржавен референдум ќе доживее масовен национален БОЈКОТ и целосен ПОРАЗ, а пак неговата предавничка политика ќе се соочи со невидено ФИЈАСКО и конечен КРАХ. Затоа дури и кога онака вообичаено без прекин си лаже и лаже и лаже, измамува и замајува како некој ужасно расипан џамбаз на селски атпазар, на Заев почна пијано да му се плетка јазикот, смисловно да пелтечи и не знае што зборува, зашто инаку би требало да се признае дека неговите бравурозни лупинг-лаги си имаа и некаков свој препознатлив заевски беден ултралажговски систем и „стил“. Но сега дефинитивно и тие и такви лаги се откачија и попаднаа во тотален хистеричен и неповрзан хаос.

Ете, деновиве се обидуваше да ни прави чара-бара со некакви проценти на излезност на референдумот, па ако излезноста била добра и одговорот биде позитивен, е, тогаш тоа ќе била демократска одлука на народот, но ако одговорот биде негативен во толку и толку проценти, или не се исполни цензусот на излезноста, те. доколку општото демократско тело го БОЈКОТИРА СУИЦИДНИОТ РЕФЕРЕНДУМ, тогаш одговорноста да одлучат во името на народот ќе ја преземале тој и неговото парламентарно мнозинство, и тие ќе донесле одлука во името на целиот народ. Ма види, жити Бога!

Од говорницата во Пелинце на Илинден, пак, Заев ни се претстави како невидено голем „патриот“ кој, замислете! – не го признава македонското историско минатото, зашто недвосмислено изјави „време е Македонија да направи историја“, а таа „историја“ – е, тука му се заплетка и мозокот – е „иднината“ што тој ни ја нуди и што почнува со неговото велепредавство со епски димензии, ни нуди „иднина“ и „историја“ што почнуваат со него и со неговата бедна квислиншка и големоалбанска влада, иднина на народ без име, народ без својот мајчин јазик, народ без своето културно и историско минато, народ без својата низ крв и страдања создадена држава, народ без себе самиот.

О, какви се’ лудости, лаги, маткања, плеткања, глупости, извртувања на вистината до бесвест се наслушавме од него, едноставно неподносливо проѕирни плитко-политички, лицемерни дрдорења во микрофон и во камера, тотално здодевни и за слушање, и за гледање, и за прераскажување, зашто во нив навистина веќе никој не верува, а самиот тој упорно си смета дека целиот македонски народ страда од длабока неизлечлива амнезија и слепило и не го помни секој негов валкан, незаконски, предавнички чекор и чин, од потпишувањето на заевско-бугарскиот договор со кој во еден безумен потег комплетно ја избриша  долгата национална македонска, и само македонска, културно-историска лента на која остана само празен матен шум и гласното и цинично бугарското национал-шовинистичкои фашистоидно каракачановско смеење на наша сметка, па преку насилното донесување на тнр. Закон за албанскиот јазик со кој истиот се воведува на целата територија на Македонија, па дури и таму каде што кечето никогаш не е видено ни на слика, се’ до овој последниов, заевско-димитров-шекеринскиот капитулантски, чисто фашистички, ништителски договор со Грција што треба дефинитивно да не’ избрише како народ и како држава од лицето на светот. И сето тоа во рок додека кажеш „кекс“.

А истовремено од заевските канти за политички отпадоци, како во време на февруарските мачкини парења, свои правно-будалски завиткани мјаукања испуштија Љубомир Фрчковски и Рената Тренеска Дескоска, со стандардниот заевско-полициски насилнички и застрашувачки тон во изјавите дека референдумот, бил-не-бил, успеал-не-успеал, или пак исцело бил БОЈКОТИРАН од граѓаните, всушност не е битен, зашто договорот со Грција веќе е потпишан и ратифициран и тој како таков си важи. А потписот на претседателот Иванов воопшто не е важен, зашто тој, според хистеричниот заевско-хормонски зависник Мухамед Зекири, кој исто така болно замјаука и го крена опашот од дното на една од многубројните канти за заевските политички отпадоци, бил само фикус. Е фикус-не-фикус за вас, квислиншка бандо, претседателот Ѓорѓе Иванов е моментално последиот но најцврст институционален столб на Република Македоније и вие во тој достоинствен државен македонски, гордо исправен столб ќе удирате со своите глупи, тврди предавнички глави додека не ви потечат. А тоа што не можете до крај да уживате во својата мизерна криминална меѓународна и домашна пијана политичка журка и „распашојка“ е токму затоа што претседателот на Републиката е третиот, а во случајов се покажа, и најважен столб на највисоката државна власт. Ете затоа, вие валкани мачкишта од заевските политички канти, Република Македонија има Устав, закони и институции, за да не може да се прави се’ што на уличарските апашишта ќе им текне.

По достоинствениот државнички и патриотски говор на претседатлелот Иванов на Илинден во Крушево, од тие бучни стркалани заевски засмрдени отпадни политички канти се јави и Дамјан Манчевски на кој зборот ИЗОЛАЦИЈА не му е јасен. Добро. ИЗОЛАЦИЈА, господине Манчевски, е тоа кога една бедна самозаљубена ступидна влада сосема ќе се ИЗОЛИРА од својот народ и ИЗОЛИРАНО наоколу ја распродава неговата долга и тешка историја, ИЗОЛИРАНО по ходниците на белосветските хотели пие шампањско со најголемите фашистоидни мрзители на својот народ и со нив, ИЗОЛИРАНО од целокупната домашна јавност му го копа црниот цивилизациски гроб. Ете, ИЗОЛИРАН господине Манчевски – тоа е ИЗОЛАЦИЈА. Бидејќи сите вие од заевската предавничка клика сте сосема ИЗОЛИРАНИ од реалноста, не знаете дека Република Македонија е во центарот на светот и историски, и географски, и културолошки. Не е и не може да биде ИЗОЛИРАНА една длабока, стара, прекрасна култура, како македонската, чии најубави, топли, заносни, љубовни песни, но и оние наши најубави и најславни патриотски песни за Гоце и за Јане, за Питу и за Узунов, и за безброј други наши големи македонски синови што низ вековната борба ја создаваа нашата држава, песните за Пирин, песните за и од нашиот прекрасен македонски Егеј, и песните за нашата најмила татковина Македонија со најголема почит и восхит токму како такви – македонски! – се пеат низ целиот свет, до последното негово катче. Затоа вие, господине ИЗОЛИРАН Манчевски, веднаш ИЗОЛИРАЈТЕ се од вашите велепредавнички вработувачи, па можеби нештата ќе ги видите подобро. Можеби тогаш ќе ви биде појасно и колку бедно и ИЗОЛИРАНО од својот предаден македонски народ и од својата предадена татковина Македонија мизерно се „лепи“ ситната предавничка душа Зоран Заев за спасителската б’лгарска пазува на другара си Бојко Борисов и во друштво на апсолутно најголемиот бугарски фашистоид и осведочен мрзител на македонскиот народ и на се’ што е македонско – Красимир Каракачанов.

Со ОПШТОНАЦИОНАЛЕН БОЈКОТ на незаконскиот, ненароден и антидржавен референдум засекогаш ќе ве ИЗОЛИРАМЕ од гркланот на македонскиот народ и на Република Македонија за кој така подмолно се зграпчивте сите вие и безочно и бездушно го давите.

 

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top