| четврток, 6 декември 2018 |

Дознајте кој е главниот женски адут по кој мажите лудуваат

Најновите истражувања објавени во магазинот „Physiology & Behavior“ покажале дека влијанието на женскиот глас врз машкиот пол е толку силно што предизвикува ежавење и забрзано срцебиење.

Американските истражувачи исто така утврдиле дека привлечноста на женскиот глас зависи од фазата на месечниот циклус низ која поминува жената.

За што всушност станува збор? Хормонските промени за време на овулацијата влијаат на гркланот на жената, чиј глас станува понизок и подлабок, предизвикувајќи несвесна позитивна реакција и кај мажите и кај жените.

По само пет секунди слушање на женскиот глас во најплодните денови од менструалниот циклус на една жена, електричната активност на кожата кај мажите расте за цели 20%, а срцевиот ритам се забрзува за 5%.

Способноста да препознае кога жената е најплодна им дава на мажите предност во еволуциона смисла кога е во прашање репродуктивната селекција, а жените, од друга страна, можат да го дознаат плодниот статус на другата жена (која им претставува конкуренција), да го свртат тоа во своја корист и да стекнат предност во однос на соперничката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top