| четврток, 6 декември 2018 |

Владата подготвува програма за одбележување на годишнината од Рамковниот договор

Владата на Република Македонија на денешната 82. седница ја усвои информацијата за одбележување на годишнината на потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, информираат од владината прес-служба.

Во таа насока, Владата го задолжила Секретаријатот за европски прашања да дефинира програма и технички детали за спроведување на програмата, како и да ги превземе сите други активности за организација и одбележување на овој настан.

Охридскиот рамковен договор е договор за внатрешното уредување на малцинските права во Република Македонија, потпишан по вооружениот конфликт, на 13 август 2001 година помеѓу претставниците на тогашните најголеми политички партии и специјални претставници на ЕУ и на САД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top