Истражувањето покажа дека луѓето кои јадат сами имаат поголем ризик од висок холестерол и висок крвен притисок, како и развивање на симптоми на дијабетес.
Во истражувањето биле опфатени 7.725 испитаници. Оние испитаници кои јаделе сами имале 45 отсто повисок ризик од зголемен холестерол и 64 отсто поголем ризик од развивање метаболичен синдром.
Социоекономските фактори и животниот стил исто така играат голема улога во зголемувањето на овие ризици.
Мажите кои не се оженети и живеат и јадат сами имаат пострашни последици по здравјето, а тоа го потврдуваат и некои претходни истражувања спроведени на теми поврзани со квалитетот на исхраната.
Стресните животни ситуации и недоволното спиење исто така играат улога во зголемувањето на ризикот од развивање метаболичен синдром.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст