Македонската филхармонија под диригентската палка на Џијан Емин и американскиот музичар и диџеј Хуан Аткинс на 2 август во 22 часот во Античкиот театар во Охрид ќе одржат концерт на електронска и класична музика.
Диригентот Емин денеска на прес-конференција во Македонската филхармонија рече дека досегашната соработка што ја имаат со Аткинс ветува дека ќе направат вистински музички спектакл.
– Имаме многу убав проект. Се надевам дека сите што ќе дојдат на концертот ќе уживаат во она што ќе го слушнат – додаде Емин.
Светски познатиот креатор на електронска музика, Аткинс рече дека додека имале проба го слушнал музичкиот аспект на тоа што тој го компонирал пред 20 години со електронски инструменти и кога слушнал како оркестарот на Филхармонијата тоа го свири му се насолзиле очите.
– Успеав да го променам тоа што е најбитно во музиката и да го преточам во ноти за да можат музичарите да го отсвират – додаде Аткинс.
Директорот на Македонската филхармонија, Виктор Илиески рече дека на публиката ќе и дадат едно ново концертно уживање во Охрид.
На прес-конференцијата беше истакнато дека по завршувањето на концертот, на плажата Парк во Охрид ќе настапи диџеј Џеф Милс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Концертот „Souvenir de Florence“ в сабота во Македонската филхармонија
-
Македонската филхармонија на турнеја во Шпанија
-
Бетовеновата „Деветта“ на сцената на Македонската филхармонија под диригенство на Густав Кун
-
Ѓорѓи Цинциевски, контрабасист: Македонија ја има најдобрата концертна сала на целиот Балкан