| четврток, 6 декември 2018 |

Нема веќе мобилни телефони на училиште, едногласна одлука на парламентот на Франција

Францускиот парламент денеска ја усвои одлуката за забрана на мобилни телефони во основните и некои средни училишта, а таа одлука влегува во сила од почетокот на новата школска година, на 1 септември.

Откако минатата недела Сенатот даде зелено светло за предлогот за забрана на мобилни телефони во француските училишта, Парламентот денеска усвои закон кој е резултат на компромис меѓу двата парламентарни дома.

Министерот за образование го поздрави усвојувањето на законот како „закон од 21 век, кој испраќа порака до француското општество, но исто така и на меѓународното”.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top