| четврток, 6 декември 2018 |

„Чистачот“ на Заев, Лаврентиј Берија Спасовски

Промотор на полициската држава

 Алдо Климан

Полицискиот чистач на велепредавникот Зоран Заев, Оливер Спасовски, колоквијално во народот наречен Берија, деновиве, во неприкриен, мрачен клеветнички стил и дух на морбидниот Сталинов и сталинистички „чистач“ Берија изјави дека, цитирам: „Македонија подолг временски период е изложена на интензивна субверзвивна пропагандна дејност, поврзана со интеграциите на земјата во ЕУ и НАТО. Станува збор“, изјави тој, „за мала и слаба група, која заради лични интереси е гласноговорник во одредена структура, а целта е во јавноста да се создаде впечаток дека во Македонија има критична маса што ќе може да ги спречи интеграциите во ЕУ и НАТО. Тука се користи и моќта на медиумската пропаганда. И сето тоа не се прави врз основа на идеологија, туку врз основа на криминал. Тие преку таквите процеси гледаат како да се извлечат од кривичните пријави покренати против нив или нивни блиски луѓе. МВР и другите надлежни служби во соработка со партнерските служби на РМ ја опсвервираат целата состојба во однос на евентуалните ризици за земјава, но ниту една истрага не смее да се води преку медиумите“.

Е па, г. Лаврентиј Берија Спасовски, со своите до повраќање одвратни, проѕирни сталинистички клеветнички и застрашувачки методи на закани, апсења и чистки, задоцнивте цели седумдесет години: ова е 21 век!

Ќе биде доволно овде само малку да го разглобиме вашиот глуп, повампирен „удбо-сталинистички полициски речник и јазик”, општопознат од времето на манијакалните комунистички чистки што ги спроведуваа вашите несомнени идоли, кои очигледно вам ви се длабоко во крвта и во умот, а кои немаат никаква, ама баш никаква врска со хуманистичките и цивилизациски стандарди на денешна Европа и на современиот свет во чие име вие тоа, божем, го правите. Токму спротивното.

Најнапред, еве колку шупливо и плитко звучат вака сосема разголени вашите идиотски бериевски полициски формулаци, со кои се преполни најцрните сталинистички, комунистички, а очигледно и денешните македонски полициски досијеа што вие ги пишувате и ги потпишувате:

  1. интензивна субверзвивна пропагандна дејност
  2. мала слаба група
  3. заради лични интереси
  4. гласноговорник во одредена структура
  5. моќта на медиумската пропаганда
  6. тоа не се прави врз основа на идеологија, туку врз основа на криминал
  7. гледаат како да се извлечат од кривичните пријави
  8. МВР во соработка со партнерските служби на РМ
  9. ја опсвервираат целата состојба
  10. евентуалните ризици за земјава
  11. ниту една истрага не смее да се води преку медиумите

Господине Берија Спасовски, вие и вашиот налогодавател Заев бевте беззаби мочковци и мочавте во гаќи и во песок, а можеби дури и уште се нишавте во мадињата на своите татковци, што подоцна, ах, ќе ве исфрлат на овој невин, убав и добар свет за да му нанесувате зло, кога ние од постарите генерации не само што со мачнина, ужас и гнасење се наслушавме и се нагледавме такви страшни, заканувачки, нехумани, вистински злосторнички формулации и постапки во живо, туку за жал, безброј прекрасни невини луѓе и безброј прекрасни, обични, чесни семејства беа завиени во длабоко црно и врз својот грб и врз своите невини животи ги доживеаја и ги искусија стравотните, подмолни, неморални, антицивилизациски последици на таа и таква расчовечувачка политичка злоба, слепило и лудило, како ова вашево, содржано во неколкуте цитирани идиотски, најмрачни бериевски реченици, кои се евидентен манијакален производ на сосема поматен ум.

Вашите погоре наведени измислици, клевети и лаги насочени кон некои други непознати лица „што би требало да се поапсат” се најобично лајно на стап, и тоа затоа што сето тоа што го рековте всушност во целост се однесува токму на вас, на вашата квислиншка, велепредавничка и криминална клика. А еве зошто:

  1. интензивна субверзвивна пропагандна дејност

Господине Берија Спасовски, интензивна, подмолна, деструктивна и крајно субверзвивна пропагандна дејност против македонскиот народ и против Република Македонија вршите токму вие, вашиот налогодавател Заев и целата мрачна предавничка и големоалбанска клика што ги растура и ги распродава националните и државните интереси на нашата татковина и на нашиот народ. Таа ваша субверзивна пропаганда со купишта лаги и лаги треба да го измами и да го заведе обичниот македонски човек дека за него е најдобро да се откаже од своето име, од своето културно и историско минато, од својот јазик, од своите вековни традиции, од својата единствена татковина Македонија, и тоа во името на нешто што за него е најдалечна, а во најблиската иднина апсолутно неостварлива апстракција. Таа ваша субверзивна пропаганда оди рака под рака со пропагандите на безочни меѓународни играчи од типот на Јоханес Хан и Федерика Могерини и редица други меѓународни легачи, кои не престануваат да лажат, да измамуваат и да го заведуваат обичниот македонски човек со бедни и ништожни реченици од типот „верувам дека… се надевам дека… идната година…итн”. Голи глупости, ср.ња и најобично матење вода, подмолност и злоба. Многу добро се знае дека евроатлантските интегративни процеси се одвиваат според одредени екстремно строги и цврсти правила и во многу долг и мачен реформски период, особено во оваа и ваква денешна одвнатре длабоко разнишана Европа, а не според нивни, ваши или било чии „надевања” и „верувања” дека ќе било вака или онака. Затоа вашата и нивната субверзивна пропаганда дека во ЕУ и во НАТО влегуваме речиси утре е всушност „утре сабајле”, а и птиците на гранките знаат по која цена – те. како најобични идиоти да се самоукинеме и да се откажеме од своето свето македонско име, а Република Македонија засекогаш да ја снема од картата на светот.

  1. мала слаба група

Таа, како што ја наречувате, „мала група” што ја остварува најсубверзивната дејност во историјата на Република Македонија – тоа сте всушност токму вие од таа навистина неголема, подмолна и безобѕирна пучистичка клика, потпомогната однадвор, од соседните грабежливи држави и од мрачните столетни непријатели на македонскиот народ, кои повеќе од 150 години пијано и крвопијно прават сѐ за да го покорат и да му ја одземат неговата Рајска градина – Македонија.

  1. заради лични интереси

И токму таа иста црна клика, господине Берија Спасовски, вие и вашите што во претходните две точки ве насликав такви какви што сте, сето тоа го прави заради најприземни лични интереси: заради лажни политички кариери на квислиншки мајмунчиња врзани на кратко јаже, за фотељи, дограбени со безумна и безочна деструкција и насилство, и во гнасен комплот со странските разузнавачки центри, и со енормно помпање милиони долари во уривањето на уставниот поредок на Република Македонија, те. токму во она што безобѕирно го правите повеќе од една година и панично настојувате тој процес да го доведете до крај, пред сосема да ви се урне таа ваша мрачна кула од карти во која вие сте само ступидни џокери, кај туѓинските налогодаватели означени со „шарени” капи на балкански шутови и будали.

  1. гласноговорник во одредена структура

Господине Берија Спасовски, кога ја употребувате клеветничката синтагма „гласноговорник на одредена структура” од стариот посран удбашки и сталинистички вокабулар – веднаш се гледа дека безочно измислувате и лажете. Па зошто, „мажиште, бре, полициско” не кажете која е таа структура? Дали се пак во прашање некои непознати лица, достоинствени македонски патриоти, што во некој за вашата власт погоден момент ќе треба да се уапсат? Не, не, бедно заевско полицајче, еве, покажувате дека токму вие сте тој острвен гласоноговорник на „одредена структура”, и тоа на онаа добро позната „одредена структура” што како неподнослив крлеж му се закачи на вратот и му ја цица крвта на македонскиот народ – „структурата” на вашата заевска велепредавничка и големоалбанска клика

  1. моќта на медиумската пропаганда

Господине Берија Спасовски, вие не ја измисливте омразата кон слободните медиуми кои, во политичко-полициски најстеснетиот можен медиумски простор во Македонија, настојуваат на македонската и на светската јавност да им укажат со какви неранимајковци, предавници и безочни крадци имаме работа. Ретките, сеуште слободни медиуми во Македонија, до кои уште не досегнала вашата злосторничка ништителска рака, ги разголуваат и ги разоткриваат вашите предавнички и криминални свинштини, узурпацијата и злоупотребата на власта, корупцијата со епски димензии, и вашата немерлива човечка беда, па се разбира дека тоа ви пречи и ви оди на живци. Тоа, господине Берија Спасовски, не е медиумска пропаганда, туку смела и храбра борба за афирмација на вистината, на правото и на правдата, и борба за својот излажан, изневерен и на туѓински ѓубриња предаден народ, и над сѐ за својата татковина. Тоа, пак, што го прават вашите платени и поткупени медиуми и новинари, во чија машинерија се впомпани и натаму се помпаат огромни пари и остварени или ветени многу кариери – е, тоа се вика медиумска пропаганда, но таа нема никаква вистинска, особено не трајна моќ и вредност, зашто се темели врз бедни лаги, измислици и закани, а сето тоа одамна, одамна е познато од мачната историја на црните тоталитарни режими и заробени држави, каква што вие и вашите компањони во злосторот за многу кратко време ја направивте Република Македонија.

  1. тоа не се прави врз основа на идеологија, туку врз основа на криминал

Точно е, господине Берија Спасовски, дека сето тоа што го правите не го правите врз основа на никаква идеологија, туку врз основа на корупција и криминал. Каква „идеологија”, ве молам, би можела да ги поврзува вистинските социјалдемократи, какви што вие, според ниту еден критериум апсолутно не сте, ниту можете да бидете! – со екстремните мрачни бугарски и албански национал-шовинисти и со грчките политички фашистоиди од типот на Коѕиас – освен горчлив и безочен предавнички криминал? Впрочем, што знаете вие што е тоа идеологија? Пендрек, водени топови и шок-бомби за стари луѓе, мајки со деца и мирни граѓани што си ја бранат татковината? Тоа е таа ваша примитивна идеологија!

  1. гледаат како да се извлечат од кривичните пријави

Господине Берија Спасовски, погледнете си го филмот „Зоран Заев бара поткуп” и спомнете си дека вашиот „лидер со европски манири” 15 пати бегал од судски рочишта за тој криминал тежок 200.000 евра – па ќе видите кој бега од кривични пријави и процесуирања за криминал. Ако нешто не ви е јасно, прашајте си го него, за криминалот и за корупцијата тој знае сѐ, поправо, тој е мајстор над мајсторите во бегањето од оправдани судски прогони. Барем засега.

  1. МВР во соработка со партнерските служби на РМ

Господине Берија Спасовски, кажете ни кои се тие партнерски служби на РМ? Истите ли оние подмолни разузнавачки странски служби што направија сѐ и ви помогнаа да го урнете и да го урнисате до крај уставниот и правен поредок на Република Македонија, да го поделите и меѓусебно да го скарате македонскиот народ, очите во главата, брат со брата, сестра со брат и со сестра, татко со децата да се мразат и да не можат да се видат, и само во интерес на нивните подмолни освојувачки цели? Вашите „партнерски служби”, господине Берија Спасовски, се најобични мрачни непријатели на доброто и хуманото, тие се црни непријатели на македонскиот народ и на Република Македонија. Со такви „партнерски служби” немаат никаква врска „некои непознати лица што треба да се успасат”, туку ете, како што самиот тврдите, работа со нив имате токму вие, кои всушност ним бедно им служите и им слугувате!

  1. ја опсвервираат целата состојба

Берија па Берија, Спасовски па Спасовски! „Тие”, вели „ја опсервирале целата состојба”. Која состојба, ситна душо? Сте виделе ли кај обичниот македонски човек, кој во од вас запоставеното, деструирано, уништеното стопанство, земјоделие и сите други дејности, со најминимални плати и тежок живот, со неизвесна егзистенција во одвнатре и однадвор разнишаната држава грчовито се бори да опстане, да преживее – дали кај тој народ, вие господине Берија Спасовски, сте „изопсервирале” некакви воени движења, создавање тајни вооружени друштва и групи, партизански единици или подготовки за востание? Вие и вашата заевска квислиншка и големоалбанска влада – вие сте „за опсервација”, и тоа темелита психо-опсервација. Но, кога ќе дојде скориот час да му дадете отчет на овој народ за сите свинштини и злостори што му ги направивте, немојте тогаш да се повикувате на своето лудило и на својата психопатолошка изместеност, зашто тогаш ниту некој ќе ви верува, ниту некому ќе му биде важно колку висок степен на ваше лудило и изместеност ќе покажат психо-опсервациите, зашто за сето тоа што го направивте и што сега хистерично и безочно го правите постои само една насока и само едно место, од кое моментално врзопот клучеви грчевито ги држите токму вие. Но и тоа ќе помине, ќе ги дадете вие тие клучеви.

  1. евентуалните ризици за земјава

Единствен ризик за земјава, и тоа не евентуален туку стопроцентен, господине Берија Спасовски, е Зоран Заев со својата квислиншка и големоалбанска предавничка и ограбувачка влада, од една страна, и, од друга страна, тажно заведениот дел од македонскиот народот кој сеуште слепо му верува на „пророкот” Заев, или барем кутро се надева дека ужасната вистина што со свои очи ја гледа всушност не е вистина, и оти со тој мизерен одрод и предавник ќе се разбуди во некој преубав романтичен, розов европски сон! Но сонот секогаш е само сон, по кој неминовно следи разбудување. Овојпат крајно болно и разочарувачко!

  1. ниту една истрага не смее да се води преку медиумите

Знам дека вам, господине Лаврентиј Берија Спасовски, би ви било супер веднаш без трага да ги снема слободните и независни медиуми, новинари и непоткупливи интелектуалци што до гаќи ги разголуваат вашите срамни политички, предавнички и коруптивни активности, но за ваша жал, истражувачкото новинарство и слободното мислење постојат и тие ќе ве разоткриваат во сите ваши црнила и нема да ве остават така мирно да си крадете и да ни ја растурате државата што низ вековните борби, со крв, солзи и страшни национални страдања ја создаваа нејзините најголеми ќерки и синови. Буткајте, туркајте под тепих колку што сакате, но не постои толку голем тепих на светов што може да ги покрие сите ваши предавнички и криминални срања, удбо-сталинистички господине Лаврентиј Берија Спасовски.

А што се однесува до ЕУ и до НАТО, да ве прашам, кој вам ви дава право, господине Оливер Спасовски, и на сета таа ваша мизерна заевска клика, да се однесувате како да имате монопол врз националните и индивидуални евроатлантски уверувања и чувства на граѓаните на Република Македонија? Тоа право е неотуѓиво право на секој поединец. Подмолно и идиотски измешавте се, направивте најсмрдлива политичка турли-тава од природната припадност на македонскиот народ и на Република Македонија кон европската култура и кон европскиот меѓудржавен сојуз, од вас отрована со апсолутно непотребното, во историјата невидено, горчливо велепредавство и целосно поништување и уништување на својот македонски народ и на својата држава Република Македонија во интерес на нивните осведочени столетни мрзители и ограбувачи. Според вашиот сифилистичен политичко-дипломатски модел и помочана „идеологија”, евроатлантските интеграции ги плаќаме со целосна национална и државна дезинтеграција. Супер! Таква „успешна” трговија со својата држава и со својот народ како безвреден влог прават само црни, најцрни предавници, неранимајковци, криминалци и неизлечливи диктаторски идиоти, што од „пропагандни субеврзивни дејности” се будно чувани од страна на заколнати, „идеолошки проверени” удбо-сталинистички полициски кретени, кои, „во соработка со партнерските служби на РМ, ја опсвервираат целата состојба”.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top