| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев: Италија е мојата втора татковина, сакам да живеам во Џенова и по завршувањето на кариерата

Maкедонската фудбалска икона Горан Пандев кој неодамна доби нов член во своето семејство, ќерката Софија, но и го прослави својот 35-три роденден зборуваше за клупската веб страна на Џенова.

Легендата на македонскиот фудбал настапува за Џенова од 2015 година кога се врати во Италија после неуспешниот „излет“ во Галатасарај. Пандев во Италија го носеше уште дресот на Лацио, Интер и Наполи.

Во својата последна изјава Пандев најави дека токму Џенова е неговата последна дестинација во богатата фудбалска кариера. Пандев толку се „заљубил“ во Џенова што истакна дека сака да живее во овој град и откако ќе заврши со професионалното играње фудбал.

„Сакам да живееме во овој град и после завршувањето на кариерата. Првата сезона тука ми беше навистина тешка, имав комплицирана сезона во Галатасарај. Но, покажав дека можам да се справам и со помош на претседателот и навивачите станав Горан кој сите го паметат. Италија е мојата втора татковината, Македонците и Италијанците се навистина слични по навиките и размислувањата, поради тоа воопшто не ми беше тешко да се вклопам“, изјави Пандев.

Најголемиот успех во својата кариера Пандев го постигна со тимот на Интер со кој стигна до титулата во Лигата на шампионите.

Извор: Спортски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top