| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќаен скандал: Пајакот врати возило по интервенција на функционер на власта на СДСМ и ДУИ

Се уште не е заборавен случајот со полицајката која „сама се удрила“ од Пајакот кога го подигнал автомобилот на функционерот на ДУИ – Бекир Асани, а еве нов пајак скандал. „Пајак” подигнал непрописно паркиран автомобил, но по реакција на сопственикот специјалното возило за неколку минути се вратило и го вратило возилото на истото место, напиша скопјанка на страницата Ѕид на сообраќајниот срам на Фејсбук.

Според неа, „пајакот” завртел еден круг па по две минути се вратил, а потоа екипата на „паркинзи” чекалаа половина час да дојде сопственикот за да му се извинат.

За да бидете надвор од законот, да не плаќате казни, да ве ослободуваат од обвиненија, да ви се простува корупција… доволно е да бидете од ДУИ, а најсигурно бивш активист на шарените и дел од власта. Ако патем згрешат, на крај – и ќе ви се извинат.

Инаку во текот на вчерашниот ден биле подигнати 82 возила со „пајак“ службата, а сметката за плаќање на казната ја подмирувааат обичните граѓани кои не се дел од власта на СДСМ и ДУИ, додека на луѓето од власта им се простува скеој прекршок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top