| четврток, 6 декември 2018 |

Во пресметка на навивачки фракции убиен навивач на ЦСКА Москва

Голема трагедија се случила утрово во руската престолнина Москва, откако еден навивач починал, а двајца се тешко повредени во жестока пресметка на две фракции на хулигани на железничката станица Курск, објавија руските медиуми.

Инцидентот се случил на платформата на железничката станица, каде навивачи на ЦСКА го чекале возот од Санкт Петербург за Нижни Новгород за да заминат на гостувањето за дуелот од Суперкупот на Русија, помеѓу „армејците“ и првакот Локомотив Москва. Наводно станувало збор за битка за превласт на трибината, во која една фракција веќе била во возот, а другата чекала на станицата, па кога пристигнал возот, започнала жестока тепачка.

Починал на лице место 30-годишниот Игор Соколовски, а други двајца, од кои еден со сериозни повреди, биле префрлени во болница. Полицијата започнала истрага за тешкиот инцидент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top