| четврток, 6 декември 2018 |

Официјално: Џамбо Милиќ си замина од Вардар

РК Вардар на својата официјална веб страна денеска ја потврди веста дека доаѓа до разделба со голманот Страхиња Милиќ и тој повеќе не е член на „црвено-црните“. Милиќ се разделува со Вардар по седумгодишна соработка, а по спогодбениот раскин на договорот популарниот Џамбо е слободен да си бара нов клуб.

Како што јавија повеќе домашни портали, како главна причина за разделбата е тежината на Милиќ која била непремостлив проблем за Дејан Периќ, тренер на голманите во Вардар и помошник на Роберто Парондо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top