| четврток, 6 декември 2018 |

Вереница помлада од неговите ќерки: Koја е Росио Олива, избраничката на Марадона?

Диего Армандо Марадона секогаш ќе биде еден од најголемите но и најконтроверзните играчи што некогаш стапнале на фудбалскиот терен. 57- годишниот Аргентинец беше почесен гостин на Светското Првенство во Русија каде крена си собра критиките од светската јавност со неговото недолично однесување.

Инаку Марадона веќе 6 години е во врска со 28-годишната девојка Росиа Олива, со која се запозна во 2012-та година.

Во февруари 2014-та година, тој се вери со неа и одржа забава во хотел во Рим за да прослави, но светските медиуми пишуваат дека дури сега, 4 години откако ја запросил, тој и го дал вереничкиот прстен на нејзиниот роденден.

– Среќна сум бидејќи ова е мојот последен роденден како немажена девојка. Мило ми е дека успеав да го споделам овој момент со вас. Мојата желба е да бидеме вечно среќни со Диего, изјавила Росио.

Инаку Росио е родена 1990 година во Буенос Аирес и има играно фудбал професионално за неколку аргентиснки клубови.

Марадона беше во брак со Клаудија Вилафане помеѓу 1986-та и 2003-та година, пред да се разведат во 2004-та година. Тој има пет деца, вклучувајќи ги двете ќерки 29-годишната Џанини и 31- годишната Далма, кои воедно се постари од неговата вереница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top