„Илинденскиот марш 2018“ ќе стартува утре во 17:00 часот од паркот Јане Сандански во Општина Аеродром, која е традиционално покровител на овој Коњички марш, а ќе заврши на 2 август во Крушево, каде што треба да се приклучат на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.
Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, на коњаниците ќе им го предаде општинското знаме, со што официјално ќе стартува јубилејниот 40. коњички марш организиран од Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“.
Во рамките на манифестацијата дваесеттина коњаници, меѓу кои годинава две девојки, придружувани од играорци од КУД „Никола Јонков Вапцаров“ ќе се упатат кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, минувајќи низ главните булевари на општината.
Во 19:00 часот коњаницата пристигнува во црквата и почнува вечерната програма. Пред свеченото испраќање на коњаниците од Горно Лисиче, на возраст од 18 до 65 години, во црквата „Св. Петар и Павле“ ќе се одржи свечена литургија и се организира свечена музичка програма каде што ќе настапат познати македонски естрадни уметници.
Во рамките на настанот ќе се вклучи и Општинската организација на Црвен крст „Кисела Вода“, која во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче ќе одржи крводарителска акција од 17:30 до 20:00 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст