| четврток, 6 декември 2018 |

Тој палеше огнови: Уапсен пироманот снимен како подметнува пожари на југот на Грција!(видео)


Благодарение на дојавата на Јоргос Митропопулос, во Маратија на југот на Грција, уапсен е еден пироман кој подметнувал пожари.

Митропулос го снимил на дело и веднаш ги известил полицајците. Во меѓувреме објавил и друго видео кое го снимил следејќи го злосторникот на кое е снимен уште еден пожар кој го подметнал.

Митропулос, инаку доброволен спасувач, објавил на својот профил на Фејсбук дека снимката ја направил во неделата, 22 јули, додека минувал низ Маратија. Прво видел неколку огина, а потоа и човек кој завлегува во грмушките.

-Станав сомничав дека подметнува пожари и почнав да го следам, и веднаш ги известив властите. Десет минути потоа и еден километар подалеку, повторно го видов како завлегува во грмушките. Ќе го видите на снимката во тревата, тогаш ги повикав пожарникарите и видов дека зеленилото почна да чади. Пироманот е фатен во Амалијада и се надевам дека ќе биде осуден- навел Митропулос.

Грчките медиуми потврдуваат дека пироманот е уапсен и дека набрзо ќе биде изведен пред суд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top