| четврток, 6 декември 2018 |

Сака развод после 40 години брак, судот не и дозволува

Тајнај Овенс е 68-годишната Британка од Вурстершир која сака да се разведе од 80-годишниот сопруг Хју, со кој е во брак 40 години и има две деца, бидејќи тврди дека не е среќна, но Врховниот суд на Велика Британија денеска одлучил да ја одбие нејзината жалба.

„Би-би-си“ наведува дека Овенс жалбата ја поднела откако сопругот одбивал развод. Врховниот суд едногласно одлучил да ја одбие нејзината жалба разводот да се прогласи со одлука на тој суд, што значи дека таа, по закон, ќе мора формално да остане во брак до 2020. година.

Според важечкиот закон во Англија и Велс, доколку луѓето не можат да докажат дека нивниот брак пропаднал поради неверство, неразумно однесување и напуштање на брачниот партнер, единствен начин за добивање развод е раздвоен живот од брачниот партнер во траење од пет години, наведува „Би-би-си“ .

Овенс рекла дека размислувала за развод во 2012. година, но заедничкиот дом го напуштила дури во февруари 2015 година, што значи дека според законот, ќе биде слободна дури во 2020. година.

Адвокатот на Овенс изјавил дека таа е ужасната од одлуката на судот и дека „не може да тргне напред во животот“.

Според нејзините зборови, бракот неповратно се распаднал поради начинот на кој сопругот се однесувал и поради кој не е разумно да се очекува таа да продолжи да живее со него.

Нејзиниот сопруг, одбивајќи да прифати развод, ги негирал обвиненијата за однесувањето и проачал дека, доколку бракот неповратно се распаднал, тоа е поради тоа што имала афера или и било досадно.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top