| четврток, 6 декември 2018 |

Променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 21 до 32 степена. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе биде 17, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

Продолжува периодот на променливо облачно нестабилно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе се задржи под просекот за овој период од годината, ноќе бележи благ пораст. Преодно стабилизирање со посончево и потопло време ќе има во сабота.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top