| четврток, 6 декември 2018 |

Саботажа

 Михајло Маневски

Нема закон без указ попишан од претседателот на Република Македонија           

Објавување на Закон во Службен весник на Република Македонија без Указ подпишан од Претседателот на Република Македонија е кривично дело Саботажа од член 315 од Кривичниот законик, смислено сторено со намера за загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата.

Објавување на законите и другите прописи и акти е уредено Законот за објавување на законите и другите прописи, објавен во “Сл. весник на Република  Македонија” број 56/99 од 31.08.1999 година. Работите ги врши Јавното претпријатие Службен весник на Република Македонија Ц.О – Скопје и негова основна дејност е објавување на законите, другите прописи и акти и издавање на службеното гласило “Службен весник на Република Македонија“, како работи од јавен интерес.

Со работата на Јавното претпријатие раководи директор кој го именува и разрешува Владата на Република Македонија за време од четири години. Директорот на Јавното претпријатие по својата функција е и одговорен уредник на службеното гласило “Службен весник на Република Македонија”

      Талат Џафери неможе да стави подпис на место претседателот и нема никаков    начин за објавување на закон без подпис на Указ од Претседателот на РМ

Без Указ за прогласување на закон подпишан од страна на претседателот на Република Македонија, нема закон. Никој не може да стави подпис на местото на претседателот и тоа да се смета за уставно и законски. Талат Џафери во повеќе наврати изјвува дека Законот за употреба на јазиците и Законот за ратификација на Спогодбата со Република Грција ќе бидат објавени кога ќе се процени за тоа? Ниту Талат Џафери може да стави подпис на место на претседателот на државата, ниту има било каков начин за објавување на закон без Указ подпишан од Претседателот на Република Македонија.

Согласно член 5 став   од  Законот, за објавување на законите и другите прописи и акти на Собранието на Република Македонија се грижи секретарот на Собранието на Република Македонија. За објавување на прописите и другите акти на претседателот на Републиката се грижи службата на претседателот на Република Македонија.

Спрема тоа, секретарот на Собранието, неможе да достави за објавување во Службен весник на закон кој што нема да има указ подпишан од Претсдедателот на државата. Ако тоа го стори спротивно на законот, врши кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување.

Директорот на Јавното претпријатие не смее да спроведува партиска политика

Изјавата на директорот на јавното претпријатие МАРТИН КОСТОВСКИ дека Јавното претпријатие како институција “воопшто нема да биде пречка за напредните и прогресивни процеси во кои тргнува Република Македонија” e спротивна на неговите законски овластувања. Основната должност на директорот, како одговорен уредник е да се објавува тоа што е доставено до Службениот весник, согласно членот  3 од Законот.  Според ставот 2 на овој член, во Службен весник се објавуваат “Указите за прогласување на закони, указите за поставување и отповикување на амбасадорите и пратениците на Република Македонија во странство и на други лица утврдени со закон, актите за именување и разрешување на носители на државни и јавни функции утврдени со Уставот и со закон, како и други акти на претседателот на Републиката за кои тоа е определено со закон и актите за кои претседателот на Републиката ќе одлучи да се објават во “Службен весник на Република Македонија”.

Кој е тој директор Мартин Костовски да оценува што се ”напредни прогресивни процеси” во вршењето на работните должности во јавното претпријатие и дека претпријатието нема да биде пречка за напредните прогресивни процеси.? Toj нема такви законски овластувања за тоа и доколку објави Закон спротивно на Уставот и Законот за објавување на законите и другите прописи, тој ја злоупотребува службената положба и смислено врши кривично дело Саботажа од членот 315 од Кривичниот законик, со кое се загрозува уставниот поредок и безбедноста на државата, за кое дело е пропишана казна затвор од најмалку 4 години.

Самоволието и кршење на Уставот и Законите неможе да остане неказнето. Уставот и законите мора да се почитуваат. Недопуштено е насилството врз  елементарните деморатски човекови права. Нема никаков начин и нема никаков правен основ за објавување на закон без подпис на Указ од страна на претседателот на Република Македонија. Ако противуставно и незаконски и дојде до такво насилие врз Уставот и законите, таква објава не е закон и тоа никого не обврзува на негово спроведување.

Таков правен акт во правниот систем на Република Македонија не постои.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top